Швајцарија е следната дестинација на Елена Лука!

20 јули 2020

Викендов на официјалниот профил на Инстаграм на Елена Лука, беа споделени неколку кратки видеа и фотографии со кои брендот најави убава вест: Швајцарија е следната дестинација каде модната куќа отвора ателје!

Иако во вонредни околности и услови што ги наметна актуелната ситуација, сепак Елена Лука успева во континуитет да го спроведува својот концепт „World of Elena Luka" и покрај сите предизвици, од Њујорк ја продолжува својата мисија на промоција на домашната уникатна мода во Цирих.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elena Luka (@elenaluka_official) onJul 19, 2020 at 3:29am PDT

 

Според објавените видеа и фотографии, подготовките се веќе во финална фаза, а деновиве се органзираше и официјална фотосесија.

Ги очекуваме сите детали околу овој нов, возбудлив проект на Елена Лука, што ексклузивно ќе ги споделиме со нашите читатели.

 

Објавено:
20 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.559 пати