Си замина најголемиот: Почина Карл Лагерфелд

19 февруари 2019

Британскиот весник „Мирор“ пред малку ја сподели веста за смртта на Карл Лагерфелд, а истата е прво споделена во француските медиуми.

Како се вели во текстот, 85-годишниот дизајнер починал во Париз после неколкунеделна болест. Во дел од медиумите се вели дека тој во понеделникот итно бил пренесен во болница во Париз, каде и ги поминал последните часови.

Инаку, Легерфелд ги пропушти последните две ревии, што поттикна шпекулации за неговата влошена здравствена состојба, но неговиот ПР тогаш се огласи со информацијата дека дизајнерот едноставно се чувствувал изморен.

За потсетување, тој е еден од најголемите имиња на светската модна сцена. Препознатлив по белата коса, црните очила и ракавици, Лагерфелд ги создаде дел од најубавите креации за модната куќа „Шанел“, која ја водеше oд 1983. Под негова креативна палка беше и модната куќа „Фенди“.

Извори блиски до дизајнерот ја потврдија веста, а наскоро се очекуваат повеќе информации.

Објавено:
19 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.042 пати