Сиа без перика и посреќна од кога и да е!

24 септември 2015

Откако на 10 – ти месецов на својот Твитер профил напиша дека веќе цели пет години е трезна, мега популарната Сиа конечно реши да се всели во новиот холивудски дом заедно со нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Ерик Андерс Ланг. 

По тој повод, таа реши сама да излезе и да ги набави сите потребни декорации за нејзиниот нов неверојатен дом, но овојпат без перика и во сосема лежерно издание. 

Неверојатно талентираната музичарка за овој повод се одлучи за бела, модерна кошула – фустан комбинирана со црни панталони и популарните Биркенсток влечки. 

Нејзината порака на Твитер собра илјадници лајкови од нејзините следбеници и фанови, кои беа воодушевени од нејзината искреност и топли зборови. 

„Пет години трезна! Доколку вие почнувате сега, држете се до тоа, станува сѐ подобро. Вие можете да го направите тоа“, напиша таа на нејзиниот Твитер профил. 

Во неколку интервјуа, таа ќе каже дека едвај успеала да се избори со сите „лоши демони“ што ја окружувале во годините кога таа страдала од депресија и била во секојдневна борба со алкохолот и дрогата. 

Сиа со сопругот

„Имаше период кога бев многу депресивна, дури сакав да си го одземам и животот. Мислам дека тогаш го достигнав дното. Во еден момент, благодарение на значаен повик од пријател, се појави некој глас во мене. Нешто мало што сакаше да живее“, вели Сиа во интервју за ABC. 

Таа додава и дека во тој момент знаела дека мора да побара помош од вистинските луѓе, од луѓе кои веќе се соочиле со нејзиниот проблем и на тој начин таа успеала да се излечи. 

„Ги гледав другите луѓе и си мислев како тие изгледаат добро и среќно, дури имаат и семејства и деца, како успеваат? Ми се чинеше дека тие уживаат во животот“, вели Сиа.

Овие денови, таа заедно со нејзиниот сопруг, со кого тајно се венчаше во август минатата година, го подготвува новиот луксузен дом во Холивуд Хилс.

Објавено:
24 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.373 пати