Сиена Милер се враќа на Бродвеј
•
19 февруари 2015
Сиена Милер е новото лице во мјузиклот „Кабаре“. Улогата на англиската пејачка Сали Боуелс, која живеела во Берлин во 1930-тите до сега ја толкуваше Ема Стоун, но од месецов нејзината улога ќе ѝ припадне на Сиена Милер.
„Кабаре“ ќе биде на сцената на Бродвеј само шест недели, до 29-ти март, а во улогата на Сали досега се нашле голем број познати актерски имиња, меѓу кои и Џуди Денч, оскаровската Лајза Минели и Џејн Хорокс.
Сиена Милер го имаше своето деби на Бродвеј во 2009 година во драмата на Патрик Марбер, After Miss Julie. Но, критиката не ѝ беше многу наклонета после учеството во претставата.