Симона Станковска Втора придружничка на Мис Евроазија 2017

7 јуни 2017

Минатиот викенд во Анталија, Турција, се одржа Мис Евроазија 2017, каде нашата претставничка Симона Станковска ја освои титулата Втора придружничка.

Победничка на овој избор за убавина е претставничката на Кина, додека титулата за Прва придружничка ја освои претставничката на Казахстан.

Втората македонска претставничка, Андријана Илиоска, исто така освои титула и тоа за Miss Catwalk.

Лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина ја има модното студио „Црнокрак", преку кое нашите девојки се претставија во Турција.

Објавено:
7 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
848 пати