Сѐ почесто, новите модни лица се деца на „познатите и богатите“. Лили Роуз Деп, Каја Гербер, Вилоу и Џејден Смит, Бјанка Џегер се само дел од нив...
Кога сме кај семејството Џегер, и синот на музичарот Мик, Џејмс Џегер се приклучи кон гореспоменатата дружина. Тој е новото заштитно лице во есенската кампања на „Џими Чу“.
Креативната директорка на брендот, Сандра Чу верува дека тој е добар избор од неколку причини.
-Џејмс Џегер ја претставува сликата на бунтовен џентлмен, маж каков што во својата визија го има Џими Чу. Тој е совршен избор за кампањата – вели директорката, додавајќи дека младиот Џегер го наследил добриот став од познатиот рокер.
На фотографиите тој презентира неколку типа на обувки, а официјалната презентација на целата приказна ќе се случи во септември.
Инаку, Џејмс Џегер е актер, кој го прави својот пробив и во модната индустрија. Освен оваа нова кампања, порано годинава тој се најде и на насловната страна на „Vogue Hommes“, позирајќи пред фотографот Брус Вебер.