Синот на Памела Андерсон секси во кампања на Сен Лоран

3 февруари 2016

Хеди Слимејн од Сен Лоран го продолжи трендот на ангажирање на деца на славните за кампањи, па така последен во низата е синот на Памела Андерсон кој изгледа неверојатно добро.

Токму 18 – годишниот Дилан Ли, син на ѕвездата на „Чувари на плажата“ и рокерот Томи Ли, е главниот лик во кампањата за брендот снимена во Малибу.

Имено, долго очекуваната ревија на Сен Лоран ќе се случи само ден пред почетокот на модната недела во Њујорк, во прекрасната Паладиум сала.

Слаткиот Дилан е само уште едно дете на познатите кое се најде пред објективот на познатиот дизајнер.

Пред него, вниманието му го привлекоа Дилан Броснан (синот на Пирс Броснан), потоа Џек Килмер (синот на Вол Килмер) и Чарли Олдмен (синот на Гари Олдман), со што и официјално почна нивната кариера во светот на модата.

Објавено:
3 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
359 пати