Сите дома го имаме новото парче на Баленсијага

16 ноември 2023

Модната куќа Баленсијага чијшто креативен директор Демна Гвасалија е познат по своите апсурдни и ултра скапи дизајни, уште еднаш си ја потврди репутацијата со најновото дизајнерско парче.

Станува збор за крпа-здолниште на преклоп, дел од колекцијата пролет 2024 која што поттикна интересна дебата по социјалните мрежи.

Дизајнерското парче за многумина е една сосема обична крпа што сите ја имаме во бањата, па оттаму и критиките за ултра високата цена од 925 долари.

Прашањето е дали станува збор за социјален експеримент, герила маркетинг, или трик за празнење на џебови.

Чудните дизајни едноставно се во ДНК-та на Демна, но последнава изгледа најмногу ги разгоре мрежите.

Од коментарите доминираа оние дека сите веќе имаме парче Баленсијага дома, чини само неколку долари и е купено од супермаркет.

Разликата помеѓу обичната крпа од бањата и онаа на модната куќа се две копчиња и прилагодлив појас со внатрешна тока.

Коментарите одеа дотаму што се тврдеше дека ова е само еден бихевиорален ескперимент на Баленсијага, или дека е тест за еластичноста на купувачите.

Ми требаат клиенти како оние на Баленсијага – беше уште еден интересен коментар.

Кој е вашиот?

Фото: Balenciaga

Објавено:
16 ноември 2023
Категорија: 
Актуел