Сигурно сте забележале низ скопските улици огромни билборди на кои е преубавата актерка и манекенка Мила Јовович. Токму тие фотографии се од најновата рекламна кампања на италијанскиот бренд Марела, за кој Јовович е заштитно лице. Новата колекција чанти за сезоната пролет-лето 2014/15 изобилува со прекрасни модели кои задоволуваат повеќе вкусови. Изработени во бела, со змиски принт, тиркизна и розова варијанта, во две големини, со подолга и кратка рачка украсени со златни детали. Ултра модерните модели, на едиторијалот се комбинирани со едноставни коминации од кои најмногу се истакнува чантата.
По повод новата колекција и соработката со Марела, актерката Јовович беше во посета на нивната продавница во Милано каде пред своите обожаватели го презентираше новиот успешен проект. Во продолжение погледнете ја колекцијата и атмосферата од Милано.