Сите очи накај неа: Кејт Мидлтон воодушеви на тениското финале на Вимблдон

15 јули 2019

Љубителите на тенисот вчера имаа можност да уживаат во епски меч помеѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Србинот по петти пат ја освои титулата, а честа да му ја врачи ја имаше Кејт Мидлтон.

Војвотката од Кембриџ ја менува кралицата Елизабета Втора, која всушност го правеше тоа традиционално години наназад.

Кејт се појави во пастелно син фустан на кратки ракави и здолниште со фалти, специјално дизајниран од дизајнерката Емилија Викстед. Го искомбинира со беж сандали со ремче, а на фустанот имаше и виолетово-зелена панделка, односно панделка во боите на Вимблдон. 

 

Медиумите ја пофалија Војвотката за убавиот изглед, но и непосредноста и искрените честитки. Не е тајна дека миленик на кралицата е Роџер, но Ѓоковиќ е добар пријател на Вилијам и Кејт, така што тоа само уште повеќе придонело за возвбудата при следењето на мечот.

Инаку, покрај нив, финалето за кое спортските стручњаци велат дека ретко дека наскоро ќе се повтори, го следеа и други познати ѕвезди.

На трибините можеа да се видат актерот Бенедикт Камбербач со сопругата, Кендал Џенер со момчето, Том Хиделстон, Бруклин Бекам исто така со девојката. Вниманието на медиумите беше свртено и кон Џеф Безос, кој за првпат после скапиот развод, во јавност се појави со новата партнерка, Лорен Санчез.

Актерката Клер Фој, која во серијата „Круната“ ја толкуваше кралицата Елизабета, уживаше во мечот. Џејмс Мидлтон и Пипа Мидлтон исто така присуствуваа на финалето. Меѓу присутните беа и Попи Делевињ, Гема Артентон, Џад Лоу, Кејт Бекинсејл и други.

Во галеријата во продолжение погледнете како изгледаа:

 

Објавено:
15 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
9.657 пати