Сите сакаат ваква маица

21 октомври 2013

maica

Блогерката Леандра Медин пред неколку дена на својот Инстаграм профил објави фотографија на која во раката држи маица на брендот Дизел. Маицата е бела и содржи минимален цртеж на женски гради, кој воодушеви бројни трендсетерки ширум светот. Брендот вчеравечер во продажба ги стави маиците кои за популарниот бренд ги дизајнираше нивниот креативен директор Формичети, а моделот се распродаде само за неколку часа.

Цената на маиците беше 58 долари и ги снема во рекордно време од веб шопот, а на Фејсбук и Инстаграм постои голем интерес како да се дојде до неа.

maica 2Сите

 

Објавено:
21 октомври 2013
Категорија: 
Актуел