Сите сакаме да изгледаме вака на 61 година!

18 јануари 2017

Честопати рекламните кампањи за костимите за капење знаат да бидат стерилни, здодевни, веќе видени, но оваа фотосесија сигурно нема да ве остави рамнодушни. Оваа кампања не вклучува млади и совршени модели, туку ја има Џесмина Роси.

Можеби нема да верувате, но станува збор за фотографка, визуелен уметник на своја 61 годишна возраст.

Соработката на релација The Dreslyn онлајн продавница и модната куќа за долна облека Land of Women започнува токму од оваа кампања.

Целта на оваа кампања е да ги отвори хоризонтите на веќе идеализираните кампањи. Снимано е на Малибу по избор на Роси, која пак критичарите ќе ја наречат лик кој зрачи со самодоверба, интелект и слободоумна природа.

Родена е 1955 година во Франција, а израсната на Корзика, Италија.


На прашањето како се одржува, ќе одговори дека јаде органска храна уште од многу одамна, пред таа да стане популарна. Својата кожа ја негува со маслиново масло, прави пилинг со рафиниран шеќер, јаде авокадо, органско месо и риба.

Објавено:
18 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.278 пати