Никол Кидман во фокусот на Канскиот фестивал...

23 мај 2017

.... Затоа што едноставно изгледа фантастично.

Прекрасната актерка Никол Кидман го имаше својот „Кери Бредшо" момент на црвениот килим на актуелниот филмски фестивал во Кан.

За премиерата на филмот „The Killing Of A Sacred Deer" во кој Кидман ја игра главната улога заедно со Колин Фарел, таа одбра шик комбинација која модните критичари ја оценија како полн погодок.

Креацијата што ја носеше 49-годишната актерка, ја потпишува брендот Калвин Клајн, а е комбинација на бело волуменозно здолниште од тул и совршено дефиниран црн корсет со прерамки преку рамената и околу струкот. Минималистички и елегантен, а сепак шик и забавен изглед.

 

Објавено:
23 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.414 пати