Сите зборуваат за новите фотографии на Серена Вилијамс

10 јули 2019

Популарната тенисерка Серена Вилијамс, ја краси новата насловна страна на магазинот „Харперс Базар“, а фотографиите предизвикаа големо внимание во јавноста.

Имено, спортистката се појавува во провокативно издание, што и не е баш својствено за неа, а со акцент на природноста.

Со оглед на тоа дека се појавува без долна облека и речиси без шминка, нејзиниот услов за ова снимање бил фотографиите да не се фотошопираат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Harper's BAZAAR (@harpersbazaarus) onJul 9, 2019 at 6:52am PDT

„Ме нарекуваа со сите можни имиња. Ми се потсмеваа поради обликот на телото. Бев помалку платена поради својот пол. Казнета сум во финале на турнир бидејќи го изразив своето мислење или „промумлав“ прегласно... А тоа се само работи кои јавноста ги гледа. Накратко, никогаш не беше лесно. Но, тогаш помислувам на следната девојка која ќе дојде, а која изгледа како јас и тогаш се понадевам дека можеби мојот глас ќе ѝ помогне“, вели Серена Вилијамс за магазинот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Harper's BAZAAR (@harpersbazaarus) onJul 9, 2019 at 5:25am PDT

 Без разлика на нејзиниот позитивен став, фотографиите наидоа на различни коментари, па имаше и такви на кои ниту ова издание на тенисерката не им се допаднало: „Срамота и за неа и за магазинот“, „Прости, но сепак не“, се само дел од коментарите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Harper's BAZAAR (@harpersbazaarus) onJul 9, 2019 at 5:01am PDT

Што мислите вие?

Објавено:
10 јули 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.716 пати