Скарлет Јохансон во првиот број на француски Vanity Fair

2 јули 2013

Познатата актерка е првата ѕвезда што ја краси насловната страна на новото француско издание на познатото списание. Насловната и едиторијалот наречен „Американка во Париз“ се дел од јулскиот број, фотографиите се на Марк Селинџер, а стајлингот го подготви Дебора Афшани. За фотосесијата направена во луксузен париски апартман Скарлет смени неколку комбинации од модните куќи Том Форд, Диор, Џорџо Армани, Гучи и Баленсијага. Покрај францускиот Vanity Fair, во светот постојат американско, британско, шпанско и италијанско издание на магазинот.

 

 

 

 

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Актуел