Скопјани го преплавија Сити Мол на полноќен шопинг

29 јуни 2013

Високите попусти низ продавниците од бредновите за облека во трговскиот центар Сити Мол, беа главната причина поради која многумина Скопјани вчеравечер излегоа со специјална цел, да шопингуваат по ниски цени. Со продолжено работно време се до полноќ „Сити Мол“ ги остави вратите отворени за сите кои имаа да потрошат на гардероба, а богами ги имаше многу. Растрчани од една продавница до друга, посетителите во трговскиот буквално навалија низ полиците за да го најадат своето парче облека.

 

Возрасни граници немаше, можеше да се сретнат и помлади и повозрасни купувачи кои неуморно шетаа и купуваа до самиот крај. Сите бреднови за облека имаа различна попуст програма, кој повеќе кој помалку нудеше попусти. Меѓу сите поволности, интересен беше оној на модниот бренд „Елена Лука“ кои делеа подароци за оние што направија сметка поголема од 3 илјади денари. Дел од нив за FASHIONEL.mk изјавија дека излегле со конкретна намера да купуваат, но да потрошат помалку.

-Излегов специјално да си купам нешто на попуст. Посебно ги обожавам попустите пред да заминам на летен одмор. Си купив неколку парчиња по прифатлива цена и навистина сум среќна, изјави една од посетителките на Сити Мол.

-Шопингот до полноќ е одличен. Сеуште не сум купила ништо, но се надевам дека ќе си најдам нешто убаво а ефтино, вели  Наталија Јованова од Скопје

-Дојдов со целото мое семејство,секој од нас си купи по нешто, не дека заштедивме многу, ама барем забавно ни беше семејно да шопингуваме, објаснува дуруга од многуте купувачи.

Покрај специјалните попусти, посетителите можеа да купуваат и да се забавуваат со добра музика обезбедена од ДЈ-ите на Антена 5 радио, па така со полни ќесиња,шопинг љубителите се обезбедија со нова гардероба за летотво.

 

Објавено:
29 јуни 2013
Категорија: 
Актуел