Skopje Casual ве кани на втора модно блогерска средба!

3 ноември 2015

Урбаниот македонски моден блог, Skopje Casual на 8-ми ноември (недела) ја организира нивната втора по ред модно блогерска средба. По тој повод, на нивниот блог јавно ги поканија сите заинтересирани модни блогери да земат учество во истата и да ги споделат своите искуства.

Ви ја пренесуваме нивната покана:

-Пред скоро три години во еден студен декемвриски ден организиравме еден од нашите до ден денес омилени кежуал настани - првата модно блогерска средба. Од тогаш помина навистина многу време, се јавија многу блогови, се направија многу соработки и што ни е најмило, модното блогерство во Македонија си дојде на едно убаво, значајно место во македонската блогосфера.
Веќе некое време ја чувствуваме потребата за нова средба од повеќе причини - сакаме да се видиме со девојките (да, за жал момицте скоро и да ги нема на едно место, да се запознаеме со оние кои досега не сме имале можност да се сретнеме, да поразговараме за нашите искуства, да се изнасликаме и изнажуркаме.

Токму затоа, се одлучивме оваа недела со старт во 13ч да ја организираме нашата втора модно блогерска средба. Јејјеееее, време беше!  Имаме изговор за убава дружба, за многу фотки и можност за соработка со нашите драги my:time за која ќе ви раскажеме повеќе на лице место. Ни подготвија нешто мнооогу интересно, веруваме дека ќе ви се допадне.

Ги молиме сите блогерки кои сакаат да се дружиме оваа недела да ни пратат свои контакт информации и линк до блогот на team@skopjecasual.mk најдоцна до петок (06.11) во 17ч. За сите кои се уште немате моден блог, ветуваме многу фотки!

 

Објавено:
3 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
818 пати