Креативниот директор на Диор дефинитивно реши да ги следи стапките на Александар Ванг, личност која челните лица на брендот H&M го нарекоа еден од најважните дизајнери на современата мода. Откако Диор на своите ревии успеа да донесе еминентни имиња како принцезата Шарлин и Татјана Санто Доминго, модната куќа реши својата следна ресорт колекција да ја прикаже во Бруклин, локацијата со која Ванг направи вистинска револуција на модната недела во Њујорк.
Ревијата ќе биде одржана на истата улица Navy Yard каде што беше и ревијата на Ванг. Поканетите гости ќе имаат мапа според која ќе се водат доколку не го искористат превозот кој ќе биде организиран од Диор, а посебен простор ќе им се отстапи на медиумите, за да можат целосно да го проследат модното шоу. Ваквата организација ветува шоу за паметење!