Слепо аутистично момче воодушеви на „Америка има талент“

30 мај 2019

Во шоуто „Америка има талент“ досега се појавиле огромен број на исклучителни таленти кои подоцна направиле блескави кариери во светот на шоу бизнисот.

Но деновиве, едно посебно момче ги освои срцата на публиката, жирито и на целиот свет. На сцената се појави со неговата мајка Тина која ја запозна публиката со нејзиниот 22 – годишен син кој е слеп и воедно има аутизам.

Но, ништо од тоа не го спречи да блесне на сцената и конечно, да го добие познатиот „golden buzzer“ од Габриел Јунион што го одведе директно во финалето во Холивуд.

Покрај тоа што има неверојатен глас, Коди одлично свири и на шест инструменти меѓу кои и на пијано, а тоа го докажа и за време на неговиот настап.

Неговата приказна е исклучително емотивна. Само неколку месеци откако се родил, му било констатирано слепило, а на четири години аутизам.

„Тој е роден шоумен. Коди е многу среќно момче. Има многу да му понуди на светот. Иако низ животот беше тешко, музиката му помогна да надмине сè. Кога имаш аутизам, многу е тешко да го правиш сето она што го прават другите. Музиката всушност му го спаси животот“, изјави неговата мајка Тина по завршувањето на емисијата.

Покрај сето ова, Коди е исклуичтелно талентиран и за танцување, а веќе долго време посетува часови по степ – танцување.

 

За многу кратко време, Коди стана ултра популарен на социјалните мрежи, а меѓу неговите нови обожаватели е и Опра која веднаш го сподели неговиот настап.

 

Објавено:
30 мај 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
572 пати