Снежана Лупевска блесна во венчаница на Елена Лука

24 февруари 2014

Новинарката која јавноста ја препознава како еден од водечките професионаци во македонското истражувачко новинарство, Снежана Лупевска, имавме прилика да ја видиме во едно сосема поинакво светло на нејзината венчавка која се одржа оваа сабота, со нејзиниот избраник, турскиот бизнисмен Созен Ерџан.

Во венчаницата која специјално за неа ја изработи модната куќа Елена Лука, Лупевска изгледаше фантастично. Благодарение на соодветно адаптираната форма на венчаницата која ја следи силуетата на телото, а завршува во широка А линија, истовремено е направен спој помеѓу лускузниот изглед, но сепак сведен на минимализам и умерената удобност, колку што дозволува приликата.

Впечатливиот изглед на венчаницата е постигнат со изборот на најфини материјали како сатен и висококвалитетна тантела збогатена со рачно везени монистра.  Гламурозен ефект е постигнат благодарение на континуираната игра со богатата релјефна тантела која во детали може да ја забележиме во горниот дел на венчаницата и по должината на транспарентните ракави.

Со оглед на тоа што венчавката, невестата и самиот венчален фустан кој го носи светското ниво на големите модни брендови,  предизвикаа големо внимание и позитивни коментари кај јавноста, разговаравме со сопственичката на модниот бренд Елена Лука, Елена Пандева Китрозоска одблиску да ни го долови амбиентот и текот на соработката со познатата новинарка за еден таков посебен момент од нејзиниот приватен живот.

Снежана Лупевска и Елена Лука Снежана Лупевска и Елена Лука

„Соработката со Снежана за мене беше исклучително задоволство, но истовремено и предизвик да создадам нејзина совршена верзија на невеста која ќе зрачи со префинетост, нежност и раскош, и истовремено ќе ја задржи својата индивидуалност. Јас лично добро ја познавам и како човек и како пријател и затоа нејзиниот сензибилитет сакав да го изразам токму преку венчалниот фустан на кој посветено работевме со исклучително внимание и голема љубов. Таа е моќна жена која има цврсто изграден став и во приватниот живот и пред камерите, па затоа се потрудив преку венчаницата да ја потенцирам нејзината апсолутна женственост и да ја прикажам во едно сензуално светло во кое ретко може да ја видиме на телевизија поради природата на нејзината професија. Во изработката на венчаницата користев луксузни материјали, висококвалитетна тантела во комбинација со сатен. Во долниот дел на завршницата има богат набор од бордура од тантела и висок сјај од монистра како доработка на тантелата, објаснува Елена Лука која за приликата создаде воодушевувачка венчаница по принципот на светските модни брендови.

Фантастичната трансформација на Лупевска, благодарение на венчаницата која го следи нивото на светската класа, како и софистицираната шминка на Дадар и соодветната фризура на In stile studio, ги заслужува сите позитивни коментари и честитки.

Објавено:
24 февруари 2014
Категорија: 
Актуел