Снежниот фустан на Хајди Клум атракција на премиерата на „Avatar: The way of water“

14 декември 2022

Дури и покрај тоа ште не глуми во „Avatar: The way of water", топ моделот Хајди Клум беше апсолутна атракција на синиот тепих на премиерата на филмот што завчера се одржа во Лос Анџелес.

Причина? Таа сама по себе е појава, но овојпат воодушевувањето се однесуваше и на фустанот што го носеше на себе – вистинско ремек дело на модната етикета Lever Couture.

Симболизира вода, а и изгледа така. Изработен од слоеви бел тул, ја рефлектира светлината и дава совршен отсјај, уште поавтентично доловувајќи ја и самата тема од насловот на филмот.

Доволно открива, но не сѐ, па така слободно може да прокоментираме дека е совршен спој на женственост, сексапил и уметност.

Денеска е главна тема во модните медиуми и навистина има зошто е тоа така.

Објавено:
14 декември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.796 пати