Со љубов од Fashionel: Среќна Нова 2015!

31 декември 2014

Насмевнете и се на годината што изминува и задржете ги сите убави спомени, а во иднина применете го искуството од грешките.

Отворете го умот, размислувајте широко и визионерски погледнете кон хоризонтот што пред нас го отвора новата 2015 година.

Применете по некој совет што сте го прочитале на Fashionel, но секогаш доследни до себе и во прилог на вашата автентична индивидуалност. Различноста го чини  нашето секојдневие возбудливо, а секој е различен на свој начин па затоа немаме алиби да ни биде монотоно и еднобојно, зарем не е така?

Вложувајте во вашиот интелектуален развој и богатете си ја духовноста, секогаш вашата внатрешна состојба се чита преку вашата надворешна експресија. Независно од тоа каков е вашиот имиџ, дали сте алтернативец или припаѓате на мејнстрим сцената, вие сте единствен примерок и почитувајте го тоа!

Читајте класици, слушате квалитетна музика,  одете во театар, социјализирајте се во диско наместо виртуелно, уживајте го моментот, одговорете на некој дамнешен предизвик, танцувајте, задржете го детете во себе, применувајте ги мудростите на постарите, НОСЕТЕ МАКЕДОНСКИ ДИЗАЈН, а Fashionel со сигурност ќе остане вашето омилено секојдневно четиво – ова нека биде наше ветување и задолжување кон вас и идната година!

Среќни празници од тимот на Fashionel.mk

Објавено:
31 декември 2014
Категорија: 
Актуел