Со Оливија Палермо за стилот, нејзината венчаница и актуелните модни недели...

12 септември 2014

Како што и очекувавме, една од највпечатливите трендсетерки на модната недела во Њујорк беше модната икона на 21 – от век, Оливија Палермо. Таа се појави на некои од најзначајните ревии на светските модни дизајнери, секогаш во беспрекорен стајлинг. Во едно интервју направено за време на њујоршката модна недела, Оливија ги открива нејзините тајни како успева секогаш да изгледа фасцинантно, нејзината коса секогаш да биде совршено исфенирана и зошто од сите модни недели, онаа во Лондон е нејзината омилена.

1.За соработката со Aquazzurra за новата линија чевли...

„Отсекогаш ја сакав нивната работа и она што умеат да го направат со чевлите. Го обожавам занаетчиството и изработката на чевли. Имав среќа да се запознаам со креативниот директор на брендот и се случи одличната соработка“, вели Оливија.

2.За носењето потпетици...

„Обожувам да носам потпетици. Никогаш не сум имала проблем да се движам во такви чевли, тоа е во природата на жените, на секоја жена ќе и успее ако се обиде“.

3.Како најлесно се организира куфер за модна недела?

„Никогаш не ги планирам комбинациите „од глава до пети“. Некако се обидувам да ги лимитирам работите што ќе ги носам со мене и секако, се обидувам да ги сместам во 2/3 куфери и потоа да ги комбинирам“, објаснува Оливија.

4.Како успеваш косата секогаш да ти биде совршено обликувана?

„Ја мијам и ја дотерувам косата секој ден. Процесот е многу побрз одошто сите мислат. Јас сум бизнис жена и имам многу работа, ме чекаат многу луѓе, па затоа не смеам многу да се задржувам“.

5.Како се одлучи за твојот венчален фустан?

„Ја обожувам Каролина Херера и многу бев возбудена што носев нејзина креација. Тоа беше еден поинаков пристап кон венчалните фустани. За мене, целата свадбена прослава беше мала, свечена работа што сакавме да ја споделиме со нашето семејство, што на крајот излезе многу убаво и приватно“, изјави Оливија.

Објавено:
12 септември 2014
Категорија: 
Актуел