Со свечен коктел ќе бидат најавени престижните Спа награди

12 јуни 2015

Утревечер (13 јуни) со почеток во 21 часот, во кругот на Хотел Русија во Скопје на официјален настан ќе бидат претставени сите номинирани објекти од осум балкански држави од кои ќе бидат избрани финалните номинации за добитници на популарните Спа награди во рамките на интернационалниот настан Balkan Spa Awards. Номинациите ќе бидат преставени од европскиот спа експерт и Претседателот на меѓународното жири  Д-р Силвија Паскалева.

Изборот на најуспешните се врши во категориите: 1.Спа дестинација, 2.Спа хотел –зимен/летен/ресорт, 3.Спа центар, 4. Спа изградба и опрема, 5.Спа менаџер, 6. Спа продукт, 7. Спа инвестиција

Инаку, официјалното доделување на Спа наградите во организација на меѓународната организација  „Spa Nominations“ ќе се одржи во септември во Македонскиот Народен Театар во Скопје

Balkan Spa Awards е патентирана марка која има за цел да ги зајакнува капацитетите на Спа индустријата од Балканскиот регион, вмрежување на инвеститорите, подигање на капацитетите на професионалните структури во секторот да го унапредува и промовира разбирањето на културата за користење на спа услуги од корисниците.

Сопственик на марката е меѓународната организација СПА НОМИНАЦИИ со седиште во Софија, Р.Бугарија. Организацијата преставува мрежа од спа експерти, менаџери и сопственици на објекти кои нудат Спа услуги.

За Балканските Спа Награди се вклучени објекти од државите кои се дел од мрежата на нашата организација: Турција, Романија, Грција, Србија, Бугарија, Косово, Албанија и Македонија.

Изборот на номинираните објекти кои влегуваат во конкуренција за добитници на наградите во соодветните категории го врши меѓународно жири составено од експерти од 8 балкански држави.

За утрешниот настан организаторите препорачуваат конкретен дрес код што треба да содржи доминантно бела и сина боја, со цел да се задржи комплетниот концепт на коктелот.

 

Објавено:
12 јуни 2015
Категорија: 
Актуел