Софија Милошевиќ руши табуа: Манекенката го дои своето дете на насловна страница

22 септември 2022

Магазинот @harpersbazaarserbia го слави својот осми роденден носејќи пет различни насловни страници за октомвриското издание, а едната од нив особено го привлече вниманието на локалната и околната читателска публика.

Имено, на една од налсовните страници, српската манекенка Софија Милошевиќ (@sofijamilo) позира доејќи го своето дете, облечена во сако и панталони од Alexandre Vauthier и накит од @maestro_jewelers_ .

„Модната библија за жени со стил, со сензибилитет кој успешно ги комбинира високата мода и поп-културата, веќе осум години ги поместува границите и ги испишува страниците на водечките трендови во Србија и регионот.

Порано доењето дете на јавно место се сметаше за вообичаена појава, но со текот на времето стана табу. Денес, со оваа корица, смело испраќаме порака дека улогата на мајчинството, и воопшто на жената е од големо значење и повикуваме на толеранција и разбирање на правата на жените кои се вечна инспирација", пишуваат @harpersbazaarserbia во својата објава на Инстаграм.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Објавено:
22 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.469 пати