Софија Копола е гостин-уредник на W магазин

3 мај 2014

sofia-coppola-polpettas

Американската режисерка Софија Копола, која годинава ќе биде член на жирито на Канскиот филмски фестивал, ќе ја исполни и својата животна желба и ќе биде гостин-уредник на W-магазин за мајското издание.

Главниот уредник на магазинот Стефано Тончи и помогна на добитничката на Оскар за најдобро сценариот да го исполни својот детски сон и макар на еден ден да види како изгледа да се уредува списание.

За насловната страна на ова специјално издание Копола ја избра актерката Кирстен Данст, која ја толкуваше главната улога во нејзиниот филм „Марија Антоанета“.

Sofia-Coppola-guest-editor-for-W-magazine-1

-Како дете обожував магазини. Тогаш пројавив голем интерес за фотографија и мода. Се сеќавам дека W беше така гламурозен и многу поинаков од мојата реалност - вели Копола за WWD.

И додека Софија во минатото се појавуваше на насловната страна на магазинот, Тончи ги забележал нејзините уредувачки способности и ентузијазмот. Исто така, факт е дека од 22 страници наменети за реклами, 19 им припааат на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton  со кои Копола има совршен однос, затоа што со години е еден од амбасадорите на Луј Витон.

Sofia-Coppola-guest-editor-for-W-magazine-2

Во ова специјално издание, читателите имаат можност да прочитаат интервју со Кристен Данст, Мариса Беренсон во Маракеш, приказната на припадничката на њујоршката елита Корнелија Гест поврзан со забава, и текст на Пол Фортун за процесот на дизајнирање на медиска соба за Марк Џејкобс. Генерално, изданието е посветено на животниот стил на Копола и пријателите.

Sofia-Coppola-guest-editor-for-W-magazine-3

-Се враќам на филмската кариера. Никогаш не сфаќав колку многу работа е потребно за еден магазин. Слично е на работата при подготовка на филм. Изненадена сум што тоа го прават секој месец - вели режисерката додавајќи дека уживала во овој излет, разговорот со уредниците за производите за убавина, но дека овој инцидентен излет и е сосема доволен.

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Актуел