Софија Вебстер ги обвини Nasty Gal за копирање на нејзината клач чанта

3 јануари 2014

Британската дизајнерка на чевли и аксесоари Софија Вебстер го обвини британскиот стрит бренд Nasty Gal за копирање на нејзината добро позната клач чанта.

Дизајнерката ја објави оваа вест на Инстаграм каде јасно и гласно го обвини стрит брендот за копирање на нејзината чанта со коментар „Добар обид за копирање Nasty Gal“.

На првата фотографија клач чантата на Софија Вебстер, на втората копираната на Nasty Gal На првата фотографија клач чантата на Софија Вебстер, на втората копираната на Nasty Gal

Имено, клач чантичката на брендот на Софија Вебстер, кој инаку е еден од најпознатите за аксесоари во Велика Британија, е дел од колекцијата 2012 и е една од најпродаваните.

Секоја сезона, оваа чантичка излегува во иста форма, но со најразлични натписи како: Say my name, Touch my clutch, Blah blah blah и други.

Од фотографијата во прилог сите можат да се уверат дека се работи за неодолива копија на клач чантичката само со поинаков натпис. Од маркетингот на стрит брендот Nasty Gal се уште не се огласиле по ова прашање.

Ова уште еднаш го поставува прашањето дали светските модни куќи ја губат креативноста кога станува збор за создавање на нови дизајни?

Објавено:
3 јануари 2014
Категорија: 
Актуел