Совршена комбинација: Џими Чу чевли + англиски чај во Лондон!

25 август 2014

Од 13 – ти до 19 – ти октомври луксузниот хотел Беркли го најавува Pret – a – Porter настанот во соработка со модниот бренд Џими Чу.

Хотелот Беркли, како и секогаш, за своите гости приреди незаборавно искуство поврзано со англиската традиција на пиење чај. Кон средината на октомври сите дами – обожавателки на незаборавните чевли на Џими Чу ќе можат да уживаат во специјалните колачиња посветени на некои од најпознатите модели на чевли од модниот бренд, како на пример легендарните Anouk потпетици.

Со оваа соработка, хотелот Беркли ja продолжува својaта Pret – a – Porter програма во која досега учествуваа бројни дизајнерски имиња вклучуваќи го и Кристијан Лубутан, Dsquared2, Оскар де ла Рента, Викторија Бекам и Миу Миу.

Во согласност со претстојната сезона, хотелот Беркли го менува и своето мени на секои шест месеци нудејќи различни слатки задоволства инспирирани од различните модели и бои на креациите од светските модни писти. Креативната директорка на Џими Чу, Сандра Чо, воопшто не го криеше задоволството од оваа соработка.

„Многу сме возбудени што колекцијата на Џими Чу ќе биде претставена во сосема поинаков облик во хотелот Беркли кој важи за многу почитувана институција во модниот свет. Сите ние не можеме да дочекаме да ги видиме моделите на Џими Чу во минијатурни слатки изданија“, изјави Сандра Чо.

Цените на минијатурните колачиња ќе се движат од 51 до 57 фунти.

Објавено:
25 август 2014
Категорија: 
Актуел