Среќен роденден Арчи! Синот на Хари и Меган наполни 2 години!

7 мај 2021

Принцот Хари и Меган Маркл имаат причина за славење. Нивниот син, Арчи Харисон Маутбатен Виндсор наполни 2 години!

Војводата и војвотката од Сасекс ја обележаа оваа пригода споделувајќи фотографија од Арчи, на веб страната на својата организација Archewell.

На фотографијата, малото момченце е сликано одзади, држејќи балони во раката. 

Двојката воедно го користи роденденот на својот син како повод да покренат иницијатива, сите расположени да донираат по 5 долари во име на Арчи, а средствата ќе бидат наменети во борбата за еднаква пристапност до вакцина против Ковид-19 за сите во светот.

Роденденот на Арчи му го честитаа и членовите на кралското семејство. Принцот Вилијам и војвотката Кетрин, на својот Инстаграм профил објавија заеднички портрет со малиот Арчи посакувајќи му среќен втори роденден.

Кон честитките, на официјалниот Твитер на кралското семејство се придружи и Нејзиното Височество со фотографија од Меган, Хари и Арчи. Принцот Чарлс и Камила објавија фотографија од Чарлс, Хари и малиот Арчи. 

Објавено:
7 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
355 пати