Сите оние што ги интересираше колку ќе чинат патиките со дизајнерски потпис на Фарел Вилијамс, од неговиот тим изјавија дека цената е 500 евра.
Средствата собрани од продажбата на патиките ќе бидат наменети на фондот „From one hand to anOTHER“, за програмата наменета за децата од американските семејства.
Откако на доделувањето на Греми наградите тој се појави во црвен дуксер на Адидас специјално изработен само за него, почнаа да кружат и шпекулациите дека можеби зад тоа се крие нешто. Претпоставките се покажаа како точни, а резултатот е познат.
-Одлична е можноста да соработувам со толку многу креативни луѓе, кои пред се разбираат од каде доаѓам јас и го почитуваат мојот вкус и дозволуваат тој да влезе во нивната неверојатно богата историја - изјави тогаш Вилијамс.