Бојана Баровиќ е името на српската манекенка за која деновиве српската јавност не престанува да зборува. Имено, манекенката беше гостинка во утринска емисија на една српска телевизија, само месец дена по породувањето со второто дете.
Токму родителството и професионалните обврски беа тема на разговорот.
„Ми беше многу важно да се хранам здраво додека бебето беше во стомакот, многу повеќе отколку тоа дека сум се здебелила. Тука работи и генетиката, но мислам дека исхраната ја одигра клучната улога“, вели Бојана во емисијата, признавајќи дека е уморна бидејќи во овој период спиењето е луксуз.
фото извор: mondo.rs
И додека водителката и манекенката го водеа разговорот, во студиото се слушна плачот на нејзиниот син Симеон, по што манекенката го зема во раце и му даде да цица. Тоа воедно е првпат во Србија во програма во живо да има доење на бебе.
„Тој е тука со мајка ми. Се уште го хранам кога ќе побара, уште е многу мал. Бебето бира каде, а не ние. Од оние мајки сум што не се одвојуваат од децата, затоа што сметам дека е многу важно ние да бидеме со нив и да им дадеме што им треба, а моментално, најважно е доењето“, изјави манекенката.
На тоа се надоврза и водителката.
„Ова е првпат јавна личност да дои во програма! Ова е историски момент!“, изјави воодушевено водителката, која го поддржува доењето во јавност.
И додека за неа е историски момент, на социјалните мрежи се појавија различни коментари.
„Ова е крајно невкусно“, „Доењето е приватна работа, срамота“, „Будали, што се нема да направат за гледаност“, „Сè стана толку јавно“, „Ајде сега следен чекор е да им покажеме како се прават бебиња во живо“... Но, и „Браво“, „Поубаво видео не сум видела одамна“, „Можете да гледате разни примитивни работи во ријалити емисии 24 часа дневно, а доење на дете ви е одвратно?!“, „Ова е сосема нормална работа и браво за мајката“, „Тажно е што темата доење во јавност е сè уште табу и предизвикува вакви реакции“, се само дел од коментарите.
Инаку, манекенката и поранешна учесничка во шоуто „Преживеан“ и со првото дете постојано се залага за јавно доење, а гестот во емисијата всушност е и најава за кампања на една компанија за поддршка на доењето во јавност, од чиј дел е токму и Бојана, насловена како „Бебето бира каде“.
Дали доењето е „исценирано“ како што се вели во дел од коментарите или едноставно ситуацијата се совпадна со темата е неважно, важно е дека се предизвикаа реакции, со што повторно се поттикна зборувањето за доењето во јавност.
Какво е вашето мислење?