Станете ново заштитно лице на Асос

29 мај 2014

Социјалните мрежи се полни со фотографии од прекрасни млади девојки кои би можеле да остварат солидна манекенска кариера. Познатиот бренд Асос го препозна овој потенцијал, па лансираше нов натпревар кој ќе им помогне во пронаоѓањето на ново заштитно лице за нивната линија за покрупни жени. Бидејќи за неполна недела стигнале над 2000 пријави, можеме слободно да констатираме дека ваквиот чекор е одличен за маркетинг на брендот, но и за сите оние девојки кои сакаат да успеат во светот на моделингот.

Победничката ќе добие договор со агенцијата Моделс1, снимање кампања за Асос за линијата „Curve“ и бон во вредност од 500 фунти. Критериумите за пријавување на овој натпревар се да поседувате облини и да сте дел од групата девојки кои ги носат конфекциските броеви 40, 42 и 44. Се што треба е да направите селфи фотографија со хаштагот    #MakeMeACurveModel. При правењето на фотографијата не претерувајте со шминка и позирање, косата тргнете ја од лицето за да дојдат до израз вашите црти и технички не ја доработувајте. Предност ќе имаат оние девојки кои ќе ја истакнат природната убавина, а натпреварот ќе трае до 9 јуни 2014 година.

Објавено:
29 мај 2014
Категорија: 
Актуел