Стартува Струмица „Опен Фест 2014 година“
•
6 август 2014
Во период од 11 денови Струмица ќе понуди добра забава и богата програма за најголемото случување во градот, за кое се очекува да пристигнат голем број гости од цела Македонија, но и од странство. Според програмата ќе има десет отворени сцени, вкупно 28 настани, а последните три дена, односно на 15-ти, 16-ти и 17-ти август ќе бидат резервирани за настапи на Бајага и Инструктори, Кирил Џајковски, САРС и Здравко Чолиќ.
Во продолжение погледнете го промотивното видео за претстојниот Струмица Опен Фест.