Стела Макартни ќе дизајнира и за мажи

18 јуни 2016

Информацијата за која се „шушкаше“ уште од февруари годинава, дека Стела Макартни ќе лансира и машка линија е официјално потврдена.

Дизајнерката изјави дека првата машка колекција ќе биде готова во ноември годинава и ќе биде проследена со ексклузивен настан во Лондон. Макартни одлучи да ја презентира во исто време со пред-есенската женска колекција за 2017 година, отколку на некоја од модните недели за мажи.

Според соопштението од модната куќа, колекцијата воопшто нема да содржи крзно и кожа, дури ниту во модните додатоци.

„Тоа ќе биде модерен пристап на машката облека, создавајќи и охрабрувајќи облека што е за повеќе сезони, а што соодветствува со етиката на брендот“, се вели во известувањето за медиумите.

Покрај ова, Стела Макартни периодов вредно работеше и на создавањето на облеката, односно дресовите на британските претставници на Олимпијадата во Рио де Женеиро, а во соработка со брендот „Адидас“.

Објавено:
18 јуни 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
68 пати