Стела Мекартни: Модата се обидува да се извлече со убиство

17 ноември 2016

Стела Мекартни е една од најпознатите светски дизајнерки која постојано се залага за околината, за правата на животните, не употребува крзно во колекциите и е голем поборник за одржливата или еко мода.

Во моментов, таа е една од ретките дизајнери кои не употребуваат кожа во своите колекции и постојано претставува некои нови парчиња изработени од еко материјали.

Во рамки на нејзиното излагање на Лондонскиот Универзитет за мода, таа јасно порача дека „модата се обидува да се извлече со убиство“.

„Мора да постојат поинакви системи за работа, повеќе ригорозни тестирања и вие како клиенти и потрошувачи можете да го побарате тоа, можете да ги предизвикате луѓето кои ја прават вашата облека“, изјави таа.

Таа по кој знае кој пат ги потсети дизајнерите дека што побрзо мора да се откажат од употребата на вистинска кожа и крзно во колекциите и наместо тоа да користат вештачко крзно кое и не е толку различно.

Дизајнерката им се обрати и на потрошувачите кои можат многу да влијаат врз дизајнерите во тоа што го креираат.

„Бидете свесни што купувате. Мислам дека сѐ повеќе забораваме дека секој од нас има избор. Многу е важно да знаете што носите, да поставувате прашања, да го редуцирате консумирањето на месо, да сте свесни како го живеете животот и како тоа се одразува на околината. Поставувајте прашања, прашувајте ги големите компании зошто користат PVC материјали, прашувајте што всушност се случува со светот“, додаде дизајнерката за крај на говорот.

Објавено:
17 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
156 пати