Стела Мекартни во криза: Отпуштени работници и откажување од плата

29 јули 2020

Модната индустрија не остана имуна на кризата од пандемијата на Ковид-19, а тоа го потврдува и последната информација за брендот на Стела Мекартни.

Имено, поради намалената продажба, челните луѓе на брендот биле присилени на реконструкција на кадарот, која вклучува и мерки на отпуштање и намалена плата.

„Како и сите други во модниот сектор, сега се соочуваме со неверојатно тежок период и се обидуваме да го прилагодиме нашето работење на променливата економија“, вели извршниот директор на компанијата, Габриел Маџио.

Во странските медиуми се појави информација дека и самата дизајнерка се откажала од својата плата додека ситуацијата не се стабилизира. Сепак, се појавија и многу коментари на сметка на оваа ситуација, имајќи го предвид животниот стил на дизајнерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Stella McCartney (@stellamccartney) onMay 30, 2020 at 5:01am PDT

 

Нејзиното богатство се проценува на околу 60 милиони фунти, така што дел од коментарите се дека „жртвата“ што ја прави не е ништо посебно, бидејќи има доволно средства да си ја поткрепи компанијата и да ги задржи луѓето, додека пак други велат дека тоа што некој има милиони на сметка не значи дека за секоја економска криза треба да даваат пари од џеб.

 

Објавено:
29 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
237 пати
Тагови: 
Стела Мекартни