На многу девојки и момчиња, моделингот им изгледа како привлечна работа. Им се допаѓа вниманието, моќта на трансформација, фотографирањето, чекорењето по писта, можноста да бидат во тек со модните случувања, да работат со големи модни имиња и фотографи.
Сепак, не е сè така магично и на тој пат до успехот, потребна е голема пожртвуваност и дисциплина.
Токму таков е и ставот, но и искуството на Алек Наумовски, што го има при работата во модната агенција „Моделс Ин Менаџмент“.
Елена Реи
„Во светот на моделингот има неколку златни правила и доколку се придржувате до нив вашата шанса за напредок се зголемува. Иако владее едно општоприфатено мислење дека ако изгледате убаво треба да се обидете во моделингот, тоа е само навидум така. Кога ќе дознаете колку време најуспешните модели генерално, а и кај нас, поминуваат време во фитнес центрите и колку внимаваат на исхраната тогаш повеќе од половината девојки и момчиња кои биле заинтересирани, се откажуваат од оваа професија. Телото и ставот се една од најзначајните ставки во кариерата на успешните модели затоа колку подобро оформено тело толку посигурен пласман. Ние може да се пофалиме со голема дисциплина и посветеност на нашите модели“, посочува Наумовски.
Тој додава дека без разлика на тоа што модната индустрија сака да го пропагира за сакањето на своето тело и разните „ослободувања“ по прашање на килограмите и стандардите за убавина, оние што професионално се занимаваат со моделинг, мора да се придржуваат на определени пропорции:
Ангела Младеновска
„Моделите самите се свесни дека ако не се стремат кон наметнатите пропорции од светската модна индустрија нивните ангажмани значително ќе се намалат. Ако не им стане животна навика да внимаваат со нивниот мотив за добро оформено тело може да да се збогуваат со кариерата на модел. Уште една важна ставка е менталното здравје кое е исто така важно за моделите, кога постигнуваат резултати нивниот мозок го лачи допаминот односно хормонот важен за личната среќа“ - објаснува Алек.
Тој додаде дека меѓу најуспешните домашни модели ги исполнуваат токму овие услови, а во продолжение погледнете и како изгледаат:
Алекс Златановски
Елена Гугоска
Еван Умленски
Ѓорѓи Поповски
Христијан Стојаноски Крис
Ивана Манас
Лука Петковски
Матеј Костовски
Никола Андоновски
Павле Николовски
Петар Костовски
Софија Симоноска
Стефан Спирковски
Стефан Стојановски
Виктор Пецев
Викторија Ристовска