Стилистот на Кејти Пери од стари дизајнерски креации прави парчиња мебел

25 мај 2021

Џеј Логан Хорн е познат стилист. Работел со Линдзи Лохан, Каролина Куркова, а Кејти Пери е една од неговите најверни соработници и клиенти, но дотерувањето на познатите не е единствената негова активност.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@jloganhorne)

Имено, тој прави интересен креативен подвиг.

Ги користи старата дизајнерска облека и модни додатоци, кои веќе никој не ги сака и од нив прави парчиња мебел, односно перници и детали за дома.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@jloganhorne)

„Целта ми е на старите предмети да им дадам нова функција, инаку бесцелно би стоел на некоја полица или плакар. Ова што јас го правам можете да го наречете и одржлива home couture“, вели Логан.

Рециклираните предмети би рекле се уште поатрактивни во негова изведба.

Така, од свилени материјали од „Гучи“ креации создаде табуретки, чија цена изнесуваше речиси 3.000 долари.

„Вистината е дека јас сум зависиник од шопинг. А идејата за парчиња мебел ми дојде од џебовите на машките Гучи парчиња. Ме поттикнаа да размислувам за нивната големина и облик. Се прашував кој воопшто ги користи“, вели стилистот, кој и тоа како им нашол примена.

Мораме да признаеме дека идејата му е одлична - креативна, интересна и со еколошки предзнак.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@jloganhorne)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@jloganhome)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@jloganhome)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@jloganhorne)

 

Објавено:
25 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
226 пати