Стилските тајни на кралицата Елизабета!

21 април 2020

Кралицата Елизабета Втора денеска го прославува 94 роденден.

По тој повод, на официјалниот профил на целото кралско семејство, направено е видео со ретко видени моменти од кралицата:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) onApr 21, 2020 at 2:31am PDT

На профилите пак, на Бекингемската и Кенсингтон палатата е споделена фотографија од кралицата со Кејт и Вилијам, која собра многу коментари, честитки и допаѓања.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kensington Palace (@kensingtonroyal) onApr 21, 2020 at 1:00am PDT

 Како што се гледа, облечена е во пастелно жолт капут и шарен фустан одоздола и црните препознатливи чевли.

И кога сме кај стилот, ви откриваме дел од нејизните модни тајни во продолжение:

-Чевлите секогаш имаат потпетици високи 6 см.

-Палтото никогаш не го соблекува во јавност. Фустанот е секогаш под колена.

-Во тренерки во јавност е фотографирана само еднаш и тоа за време на турнејата низ Канада во 1970-тата. Свилените тренерки се дизајн на кралскиот стилист Јан Томас, кој сакал да го модернизира нејзиниот изглед.

-Кралицата поседува повеќе од 200 „Лаунер" чанти. Нејзините омилени модели е „Ројал" и „Травијата" (со димензии 23смх20смх10см). Чантата има подолга рачка, за да го олесни процесот на ракување. 

Првата ја добила во текот на 50-тите години од својата мајка. Елизабета била воодушевена од дизајнот и практичноста, па оттогаш воопшто не ни помислила да носи некоја друга чанта. Нејзината колекција се состои од преку 200 примероци, а во неа носи огледалце, кармин, минт бонбони, очила за читање и пенкало. Но, со текот на времето, овој моден додаток станал предмет за разменување тајни пораки и тоа на протоколарни дружења и забави. Уште пред неколку години за тоа јавно проговори и историчарот Хуго Викерс, а еве и што откри:

Кога кралицата ја префрлува чантата од една во друга рака, тоа значи дека не сака веќе со никого да разговара.

„Би било загрижувачко доколку разговарате со кралицата, а забележите дека ја префрлува торбата во другата рака", вели Викерс.

На овој начин таа му сигнализира на својот тим да ѝ помогне, бидејќи не сака веќе да разговара со одредената личност. Тие го прават тоа мошне суптилно, на пример така што, во тој момент кралицата ќе ја претстават некој друг соговорник.

Ако сака да си оди од некоја свечена вечера на пример, кралицата ја става чантата на стол. Тоа значи дека за пет минути откога ќе ја стави на столот, треба да ја напушти салата.

Доколку во текот на вечерта ја стави чантата на под, тоа значи дека не ужива во разговорот и сака да биде „спасена".

Торбата оставена на стол, додека таа разговара, значи дека ужива во разговорот и ќе одвои уште пет минути за соговорникот.

Сепак, најдраматичниот знак кралицата го дава со прстенот. Ако додека разговара со некоја личност, почне да го врти околу прстот, тоа значи дека ѝ е досадно и нејзиниот тим мора да реагира веднаш.

Интересно е и тоа дека продажбата на овој моден додаток во последните неколку години пораснала за дури 400 проценти, а најмногу ја купуваат од Кина и Јапонија.

-Секогаш носи ракавици долги 15 сантриметри. Од 1947 година, „Корнелија Џејмс Лтд." произведува десетици годишно само за кралицата.

-Свилените марами мора да се од модната куќа „Ермес". Има огромна колекција на нивните марами.

-Од 1952 година, за секое отворање на Парламентот таа ја носи т.н. Државна круна, што е направена уште 1820-тата година за крунисувањето на Џорџ Четврти, на која има 1.333 дијаманти.

-Има чадор во соодветна боја за секоја комбинација. Компанијата „Фултон" ги изработува специјално за неа.

-Шапките никогаш не смеат да имаат широк пречник, за да не ѝ го сокриваат лицето. Нејзиниот омилен изработувач на шапки е Рејчел Тревор Морган. При изработката на овој моден додаток, таа мора да внимава да не се премногу високи, за Елизабета II да може лесно да излезе од автомобил.

-Омилени ѝ се ¾ ракави, особено поради тоа што шансата да ги извалка додека јаде и не постои.

-Секое парче облека мора да има патент, за да може брзо и лесно да се облече и соблече.

-Тимот што се грижи за стилот на кралицата особено внимава таа да не се повтори со комбинација. Тие точно знаат кога што носела и тука не смее да има грешки.

Инаку, за потсетување, родена е како трета во низата за наследство на тронот. Кога се родила, интересот на јавноста не бил воопшто изразен. Очите на јавноста биле вперени во нејзиниот харизматичен чичко, Едвард VIII, обожуван од народот. Едвард и станува крал по смртта на неговиот татко, но се откажува од престолот поради љубовта кон Американката Волис Симпсон.

Бидејќи таткото, кралот Џорџ VI и мајката Елизабета немаат други деца освен Елизабета и нејзината помала сестра Маргарет, позицијата на британскиот монарх ѝ била загарантирана. Но, Елизабета II воопшто не била среќна што ќе стане кралица. 

Сепак, уште од малечка, таа е една од омилените личности во Британија и успеа да ги надживее сите. Од милост дома ја викаат Лилибет, а и неа и сестра ѝ ги огледува гувернантата, која подоцна за Елизабета ќе каже дека била посебно дете, мошне уредно, педантно и со големо чувство на одговорност.

Во една пригода, Винстон Черчил ќе изјави дека Елизабета е голем авторитет и како уште од мали нозе кај неа се забележувала одлучноста.

Бракот со Филип кој потекнува од грчкото кралско семејство не е најдобро прифатен во Бакингемската палата. Најголемите противници за тој брак да се случи се нејзините мајка и баба и тоа најмногу поради фактот дека дел од неговите роднини имаат германско потекло. Сепак, венчавката се случила и тоа на 20-ти ноември 1947 година, две години по завршувањето на Втората светска војна.

И покрај тоа што Филип стана граѓанин на Британија и принц и војвода од Единбург, бракот го следат контроверзии поради тоа што тој е роден како православен христијанин, а неговите сестри биле во брак со нацисти.

Крунисувањето на 26-годишната Елизабета важи за едно од најпопуларните кралски случувања во 20-от век, а нејзиното качување на престолот донесе нова енергија во банкротираната и воено исцрпена Британија. За популарноста говори и фактот дека повеќе од 100 милиони луѓе го слушале преносот на радио, а 27 милиони го следеле на телевизија, односно каналот „Би-Би-Си".

Инаку, малкумина знаат дека во текот на Втората светска војна, Елизабета работела како автомеханичар во територијалната одбрана на Лондон. Била мошне талентирана и вешта во поправањето на камиони и други возила, а управувала и со возилата за Итна помош.

Најголем пад на популарноста доживеала во времето на смртта на принцезата Дајана во 1997 година. Три дена не излегла да изрази сочувство и да ѝ се обрати на јавноста. Нејзиниот однос беше толкуван како студен и бездушен, а рејтингот беше неверојатно низок. Но, со текот на годините, тоа се поправи и таа се' уште е една од најпопуларните и најсаканите личности во Британија.

 

фото извор: @britishmonarchy; @queenelizabethiiuk; pinterest.com; 

Објавено:
21 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.863 пати