Стиви Никс ја интервјуираше Лана Дел Реј за магазинот „V“

28 јуни 2017

Поп пејачката препознатлива по својата меланхолична изведба и винтиџ имиџ, Лана Дел Реј е главната ѕвезда во новото издание на магазинот „V" што ќе излезе во продажба на 6-ти јули.

Фото извор: V magazine, Steven Klein

Во интервјуто кое е централниот фокус во ова издание на магазинот, Лана разговараше со Стиви Никс, легендарната пејачка и текстописец, рок божица и стилска бохо икона.

Фото извор: V magazine, Steven Klein

Овој спој воопшто не е неочекуван, со оглед на тоа дека тие остварија соработка за новиот, петти по ред студиски албум на Лана Дел Реј, „Lust for Life" што ќе биде пуштен во продажба на 21-ви јули.

Фото извор: V magazine, Steven Klein

Интервјуто е проследено со одлична фотосесија зад која се потпиша култниот фотограф Стивен Клејн, а Лана е стилизирана во ексклузивни парчиња облека карактеристични за униформите на јавачите на коњи, со етикета на Диор, Сен Лоран, Ралф Лорен, Балман, Алтузара, Стела Мекартни...

Фото извор: V magazine, Steven Klein

 

Објавено:
28 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
155 пати