Стокхолм модни совети: Изгледи инспирирани од студот
•
16 февруари 2021
Иако ни најавуваат затоплување, секогаш е добро да знаеме како да се облечеме кога температурите се длабоко под минусот. А од кого би учеле најдобро, ако не од Скандинавките?! Модната недела во Копенхаген заврши и резултираше со неверојатна ризница street style идеи, како да се облечете кога е многу, многу ладно.
Па да резимираме, носете памучни хеланки со се', дури и под здолниште/фустан; шеширите, капите, беретките се неопходен дел од изгледот; шалот е одличен стилски и затоплувачки додаток; капутот е клучен играч во изгледот, па не двоумете се да инвестирате во него.