Стоковната куќа Selfridges е прогласена за најдобра во светот

13 мај 2014

Британската стоковна куќа е основана во далечната 1909 година и брои четири стоковни на четири различни локации, од кои доминира онаа која се наоѓа на улицата Оксфорд. Неодамна на глобалната конференција која се одржа во Сингапур, Selfridges по трет пат ја освои наградата за најдобра стоковна куќа во светски рамки.

Критериумите за добивањето на престижната титула опфаќаат финансиска добивка, одлична соработка со купувачи и севкупниот шопинг во самата стоковна куќа. По повод добивањето на наградата, сопственикот Гален Вестон изјавил –„ Британската стоковна куќа Selfridges постави повисоки стандарди на светско ниво, а со оваа награда ние сме свесни дека луѓето ја препознаваат вредноста и спремноста за иновација“ .

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Актуел