Стопли срце - на секој му треба топлина

28 ноември 2017

Македонските корисници на Фејсбук деновиве ги „размрда“ нова хумана акција насловена како „Стопли срце - на секој му треба топлина“!

Иако првичната замисла беше зборното место да биде улица Македонија, поради најавените лоши временски услови, сите што имаат зимски јакни што веќе не ги носат, треба да се упатат на 6-ти декември во Нано Бар, од 13 до 21 часот.

Целта е да се помогне на оние лица на кои им е потребна топлина, односно кои немаат соодветна зимска облека. 

„Идејата е да ги собереме јакните кои не ни се потребни нам, но на некој друг живот му значат - и да ги ставиме низ центарот и околината на Скопје, за да може секој на кој што му треба топлина во овие студени ноќи и денови, да се загрее“, се вели во описот на Фејсбук настанот.

Во зависност од бројот на собраните јакни, дел ќе бидат ставени на дрвјата низ центарот на Скопје, за да можат луѓето што се социјално загрозени, бездомници и оние што не можат да дојдат на пунктовите, да се стоплат. Еден дел ќе биде поделен лично на бездомниците, а останатите ќе бидат однесени на пунктовите каде што веќе се собираат донации за оние на кои имсе најпотребни.

Оние што не можат да присуствуваат, можат да го направат тоа во својата општина, место, населба... Закачете ја јакната на кое било дрво, сигурно ќе израдува некој на кој му е потребна топлина.

Вакви слични акции се веќе направени во регионот.

Повеќе информации можете да најдете ТУКА.

Објавено:
28 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
441 пати