Студентите на Технолошко-техничкиот факултет на УГД им ја сервираа својата имагинација на штипјани

14 јуни 2017

Студентите на Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип под менторство на м-р Сања Ристески, завчера на домашната публика и приредија вистинско уживање на модната ревија на која прикажаа свои уникатни дизајни на темата „Во светот на бајките".

Модната ревија која вклучуваше имагинативни, разиграни и бајковити дизајни, беше надополнета и со изложба на истата тема.

" Не сакам да се навратам на вчера, бидејќи вчера бев друга личност. Доколку вчера беше убаво ќе траеше и денес.. Но, денес не е вчера, и утре нема да биде денес. Денес го открив својот магичен свет. Денес почувствував љубов " – го пренесува своето доживување Ана Ѓорѓева, една од студентките која учествуваше на ревијата.



Во галеријата погледнете дел од модната ревија и изложбата.

Објавено:
14 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.125 пати