Суки Ватерхаус станува моден дизајнер!

7 јуни 2014

Италијанскиот бренд за чевли Суперга не само што ја најми Суки Ватерхаус да ги рекламира нивните нови модели, туку истите и да ги дизајнира.

Се чини, оваа недела беше и повеќе од одлична за младата манекенка со оглед на тоа што таа беше повикана да биде и дел од новиот холивудски блокбастер Insurgent каде ќе ја глуми младата Марлена.

„Поминав многу време барајќи инспирација за да се соочам со сето она што ме очекува. Бев во Париз одредено време, па идеите ми дојдоа од самите продавници таму, од нивните неверојатни излози, од сето она што ми се случи таму. Тоа беше многу интересен процес, научив многу“, изјави Ватерхаус.

Нејзината нова и секако, прва колекција за италијанскиот бренд таа ја опиша како „мали среќни срценца“, а со оглед на тоа колку е задоволна од истата, шармантната Суки посочува дека би и било чест и голема радост набрзо да направи нешто слично и за друг бренд.

„Многу сум задоволна од тоа како сѐ излезе на крајот, ми се допадна сето она низ што поминав, а сега останува да видиме што ќе се случи следно“, изјави Суки.

Останува да го чекаме крајот на Август кога ќе биде лансирана нејзината колекција за Суперга, па да видиме и како клиентите на брендот ќе бидат задоволни!

Објавено:
7 јуни 2014
Категорија: 
Актуел