„Супер боул 2020“- Шоуто на Шакира и Џеј Ло е подобро и од она на Бијонсе

3 февруари 2020

Со насловот во една реченица би можеле да се соберат сите коментари околу музичкото шоу на полувремето на годинашното финале на „Супер боул“.

Шакира (43) и Џенифер Лопез (50) понудија изведба за која долго ќе се зборува. Шоуто го отвори Шакира со познатите хитови  „She Wolf", „Empire", „Whenever, Wherever", „Chantaje", „Hips Don't Lie", додека втората половина беше резервирана за Лопез, која настапи со хитовите  „Jenny From The Block", „Ain't It Funny", „Get Right", „Waiting For Tonight", „Love Don't Cost A Thing", „Mi Gente“...

И двете понудија впечатливи кореографии и настапи кои бараат многу енергија и кондиција, па затоа не изненадуваат и бројните позитивни коментари на сметка на нивниот изглед - „Тие две како да не стареат“, „Ако Шакира на 43 и Џенифер на 50 имаат ваква енергија, ние треба засекогаш да молчиме“, „Неверојатно е колку добро изгледаат“, „Ова е најдоброто не-Бијонсе шоу некогаш“, се само дел од нив.

 

Латино ѕвездите неколку пати се пресоблекоа. За изгледот на Лопез беше задолжена модната куќа „Версаче“„ додека зад костимите на Шакира се потпишува брендот „Дандас“.

Покрај нив две, на сцената се појави и ќерката на Џенифер Лопез, која во придружба на детски хор ја отпеа песнатa „Let's Get Loud“

Меѓу повпечатливите моменти беше и „паѓањето“ на Шакира во публика, како и нејзиниот настап на тапани, но и настапот на Џеј Ло со Американско и Порториканско знаме, со што сакаше јавно да искаже гордост дека потекнува од Порторико, но е порасната во Бронкс.

Во продолжение погледнете го видеото со целото 15-минутно шоу. Настапот го завршија со нумерата „Waka waka“.

Кога е спортот во прашање, победи екипата на „Канзас Сити“, која по втор пат успеа да го освои „Супер Боул“-от, а првпат после 50 години пауза.

 Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од нивните настапи.

 

фото извор: facebook.com/JenniferLopezSongs; Twiter.com; Pinterest.com; Instagram.com; 

Објавено:
3 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
13.516 пати