Во саботата во концептуалната продавница Wonderlust се одржа празничниот „Божиќен Базар“ на кој бројни македонски дизајнери изложија дел од своите парчиња на супер креативен начин.

Wonderlust во саботата беше местото каде секој можеше да го одбере совршениот новогодишен подарок за себе и своите најблиски од одличните македонски дизајнери.

На тој начин сите присутни ја подржаа домашната дизајнерска сцена, а ги мотивираа и нашите креативци за уште поуспешна работа.

На овој празничен базар учество земаа повеќе македонски дизајнери и брендови меѓу кои и Елена Лука, Лудус, Ирина Тошева, Јована Филиповиќ, Pur Pur, Kare Workshop, Evee, Викторија Џимревска, Скопје се носи, Еклектика, Креација, Ксантика, Armarium, Skopje Storutelling, Pastello, Mighty Jewelry, Schuster Shoes.

Модната куќа Елена Лука на базарот претстави две креации меѓу кои и едно прекрасно здолниште во сребрена варијанта кое е одлично за комбинација за најлудата ноќ и секако, совршениот мал златен фустан со кој никогаш нема да погрешите.

„Новогодишните подароци имаат некој посебен шарм, сите сакаме да ги изненадиме нашите драги личности со некој подарок кој ќе им ја заокружи годината или отпочне новата. Поради тоа, оваа сабота организираме pop-up shop каде покрај редовната понуда, внесовме и уште неколку креативци и брендови од Македонија кои ќе претстават дел од своите дизајни пред сите заинтересирани. Секако, на настанот имаме и попусти и изненадувања за сите да можат да најдат нешто интересно, дали како подарок за драга личност или подарок за себе", вели Дарко Давковски, еден од организаторите на настанот.

Божиќниот Базар во Wonderlust беше уште еден доказ дека македонските дизајнери и креативци имаат навистина многу што да покажат и имаат супер производи кои се совршен подарок за секој. 

Објавено:
26 декември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
572 пати