Свадба во трета доба: Руперт Мардок и Џери Хол

12 јануари 2016

Кога љубовта е во прашање, годините немаат значење, барем не за британскиот медиумски магнат Руперт Мардок кој во 84-та година од неговиот живот планира да се ожени со поранешниот модел и некогашна сопруга на Мик Џегер, 59-годишната Џери Хол.

Веста ја објави британскиот магазин „Тајмс" според кој парот е во врска веќе четири месеци, а заедно се појавиле и на доделувањето на филмските награди „Златен глобус" што во недела навечер се одржаа во Лос Анџелес, кога далеку од очите на јавноста ја побарал за жена.

Инаку Хол 20 години беше во брак со музичката икона Мик Џегер, со кого има 4 деца, додека Мардок од неговите претходни три брака има 6 деца. Неговата најстара ќерка има 47, а најмладата 12 години.

 

Објавено:
12 јануари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
677 пати