Сваровски ќе додели 33 илјади евра за најдобрата дизајнерска иновација

11 август 2014

По примерот на групацијата LVMH, австрискиот бренд за накит Сваровски по повод 15 годишнината на компанијата ќе формира колективни Сваровски награди за најдобрата дизајнерска иновација. Главната награда ќе изнесува 33 илјади евра за која ќе се борат 15 дизајнерски имиња во Њујорк, Париз и Лондон.

Меѓу имињата кои ќе влезат во потесната конкуренција се: Прабал Гурунг, Родарте, „Creatures of the Wind“, Вес Гордон, Ноно, Маркес Алмеида, Хусеин Занг, Питер Пилото, Ешли Вилијамс, Мери Катранзу, Ирис ван Херпен, Дамир Дома, Џеј Ар, Маша Ма и Кристија Вијнантс.

Сваровски изминатите неколку години има соработувано со дел од дизајнерските имиња, а пред 15 години и со славниот Меквин. Кандидатите за награда ќе ги оценува стручна жири комисија во наредните две сезони на чело со Надја Сваровски. Очекувано е дизајнерите да понудат невообичени иновации во спој со технологијата,  секако надополнети со кристалите на Сваровски.

 

Објавено:
11 август 2014
Категорија: 
Актуел