Свечено отворање на српскиот бренд PS Fashion во Скопје

3 октомври 2013

На првиот кат во Сити Мол во Скопје, вчера вечер и свечено беше отворена првата продавница на српскиот моден бренд PS Fashion во Македонија. Покрај сопствениците и менаџерскиот тим присуствуваа многу гости меѓу кои и јавни личности.

Станува збор за семејна приказна која започнува во 1995 година во Србија и во која посветувајќи се на дизајнот и производството на префинетата женска гардероба, накит и аксесоари, за кратко време го освојува српскиот пазар, како и српската жена. Производи кои ја освоија и Јелена Томашевиќ, актуелното заштитно лице на овој бренд се производи кои ја прават секоја жена самоуверена и среќна дека она што го носи, совршено и прилега. Денес П.С. Фешн со преку 70 продавници е присутен во Србија, Хрватска, Малта, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а од вчера и Македонија.

-Вечерва се исполни мисијата „ПС низ целиот екс ЈУ простор. На Македонките им посакуваме добредојде и им гарантираме нова модна возбуда, а и бран полн задоволства, изјави Марија Михајлова, директор на ПС Фешн Македонија.

Вечната инспирација на П.С. е комплетниот изглед на успешната модерна жена, од наутро до навечер, жена која е моќна, независна, секогаш подготвена да се соочи со предизвиците кои ги носи секојдневниот живот.

Објавено:
3 октомври 2013
Категорија: 
Актуел